Во рамките на Европската недела на мобилност 2018 година, денеска во Скопје ќе се одржи велосипедско дефиле.
Велосипедистите ќе тргнат од Порта „Македонија“ и ќе возат до Школка во Градскиот парк, каде ќе следи забавна програма, а повеќе среќни добитници преку лотарија ќе добијат велосипеди, како симбол на користење на алтернативни превозни средства.
На велосипедското дефиле ќе се приклучи и министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.
Настанот е организиран од страна на Град Скопје, се поддршка на Канцеларијата на Европската делегација, Министерството за животна средина и просторно планирање и „Прв до врв“.