четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Џошуа: Мечот со Поветкин ќе биде потежок од оној со Кличко

Џошуа: Мечот со Поветкин ќе биде потежок од оној со Кличко
Светскиот шампион во бокс во тешка категорија во верзиите Меѓународна боксерска федерација (ИБФ), Светска боксерска асоцијација (ВБА), Светска боксерска организација (ВБО) и Меѓународната боксерска организација (ИБО) Ентони Џошуа очекува претстојниот натпревар против Русинот Александар Поветкин да биде потежок од натпреварот против Владимир Кличко, но да заврши со сличен резултат.
Дваесет и осум-годишниот Џошуа го нокаутира Кличко во април 2017 година во дуел, кој се одржа на „Вембли“. Сега Џошуа се враќа на стадионот, за да бара 22-ра победа во 22-от натпревар во професионалната кариера. Триесет и девет-годишниот Поветкин загуби од Кличко во Москва во 2013 година, што е единствениот негов пораз на професионалниот ринг.
– И двајцата бевме надвор од рингот за некое време, но сега се качуваме повторно на него со Александар Поветкин. Очекувам исти тип борба, како против Кличко. И двајцата сме со големо срце и силен карактер. Го покажавме тоа против Кличко и затоа сме тука сега. Очекувам одличен натпревар во сабота. Тој е вистински борец, знае што прави. Има голема тензија, но таква е реалноста”, рече Џошуа на прес-конференција, кој ќе биде поддржан од 80 илјади гледачи.
Поветкин, пак, изјави дека е посилен и се наоѓа во подобра форма отколку пред натпреварот со Владимир Кличко пред пет години.
– Јас сум во многу добра форма, спроведов одличен тренинг камп. Џошуа е еден од најсилните боксери во светот во тешка категорија. Затоа сум среќен што имам можност да бидам во рингот против него и сакам да им подарам на навивачите убав натпревар. Оваа средба ќе покаже сѐ, Ентони е силен боксер, но и јас сум силен. Кога се борев со Кличко, бев слаб и се наоѓав во полоша форма отколку што сум во моментов, рече Поветкин на прес-конференцијата.
Русинот има 34 успеси (24 со нокаут) во 35 натпревари, а неговиот единствен пораз е на поени од украинската легенда Владимир Кличко во октомври 2013 година.