недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 16 лица загинаа во напад на бунтовници во ДР Конго

Најмалку 16 лица загинаа во напад на бунтовници во ДР Конго

Најмалку 16 лица се убиени синоќа во градот Бени во источниот дел на Демократска Република Конго при напад, за кој се претпоставува дека е дело на бунтовниците од организацијата „Обединети сили за одбрана” (Allied Defense Force), пренесува БТА.

Лекар, од локалната болница изјави дека видел 16 убиени – 12 од нив биле цивили, а останатите четворица – војници или бунтовници. Во нападот се повредени осум лица, а петмина од нив се цивили, додаде истиот извор.