недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Затвореници осудени за тешки дела се вклучија во референдумската кампања

ФОТО: Затвореници осудени за тешки дела се вклучија во референдумската кампања

Затворениците од прилепскиот затвор се приклучија во референдумската кампања.

Според фотографијата која се појави на социјалните мрежи се гледа како затвореници осудени за тешки кривични дела како убиства, тешки кражби и трговија со дрога, носејќи маици со слоганот „Излези За“ отворено агитираат во казнено-поправната институција како да се гласа на претстојниот референдум.

Упатените неодамна алармираа дека се подготвува нов закон за амнестија со кој би се опфатиле и затворениците осудени за тешки кривични дела.

Претходно донесениот Закон за амнестија кој беше изгласан на 15 јануари, покрај амнестирањето на околу 800 затвореници, предвидуваше и намалување на казната за 30 отсто и на 3.097 осудени лица.

На овој начин, според Владата, која беше предлагач на Законот, ќе се заштеделе буџетски средства кои би се искористиле за подобрување на условите во казнено-поправните домови.

Амнестијата не се однесуваше на лицата осудени со правосилна пресуда за: доживотен затвор, за кривично дело Убиство, за силување и педофилија, за тероризам и кривични дела против државата, за кривични дела против јавниот ред и мир, за кривични дела против човечноста и меѓународното право.

 

Најнови вести