понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хоспитализирано уште едно лице со симптоми на труење од виничката сендвичара

Хоспитализирано уште едно лице со симптоми на труење од виничката сендвичара

Во штипската Клиничка болница на инфективното одделение е хоспитализирано уште едно лице со симптоми на труење, а кое во текот на викендот јадело сендвичи од виничката сендвичара.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска вели дека лицето е примено со дијареа и повраќање и е под лекарски надзор.

Инаку, на инфективното одделение со новиот случај бројот на хоспитализирани достигна до осум. Резултатите од земените мостри се уште не се готови и се очекуваат во текот на утрешниот ден, а сендвичарата е затворена

МИА

Најнови вести