среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Патолошки лажговци и трујачи

Патолошки лажговци и трујачи

Додека Стево по сто и прв пат се самодемантираше, а Таче ширеше трагикомични ветувања дека економски ќе сме ги надминеле Полска и Чешка, власта симултано ги труеше Македонците со отровен зеленчук и лажни вести. Пуста, стара и иритирачка навика на бандата на Заевци, кои кариерата ја започнаа токму со отровни корнишони. Чуму тогаш, неговиот шут и престолонаследник би бил поинаков? Ќе останат запаметени како северната сурија која доде на власт со отров, а со него и си замина. Настрана отровот собран во душата на секој вистински Македонец…

Прво, зошто, воопшто, некој и би се чудел што македонските граѓани ги трујат со токсични албански производи? Со иста таа Албанија бизнис сигурно не прави никој друг освен „неогнените“ (преостанати) и заштитени ко мечки бандити на Алија. Никој друг и не смее да чепне таму, било за струја, било за канабисче, било за зеленчук. А ним, се знае, се’ им е дозволено. Таче мора да замиже на се’ што Артан ќе направи. Мижи ко замајан за Бехтел и Енка, не па за отровни краставици. За домати башка. Ќуран може само да праша, а Груби ќе му направи инстант орле со рачињата, и толку. Договорениот знак кој значи – „трај“, гитла, не се мешај и бркај работа.

И не, „орлето“ не е оној албанскиот симбол, истото во рацете на Арти и Алија значи „ќе ти летнеме од влада“. А после, Ќуран добро знае што ќе прави без орлињата кои веќе шеста година ги крепат одродите на власт. Интегративната банда одамна зад превезот на национализмот краде ко улава, ним албанштината им е саде маска за рајата, која упорно гласа за нив, убедена дека еден ден ќе ги вработат во државна администрација.

Второ, чуму некој и би се чудел за трујачките афинитети на оваа власт? Па истата таа мижи пред веродостојните информации за линдан над Драчево, молчи за се’ она што остана во Охис и ја крие јавната тајна што се’ на ангро се гори во Македонија. Полека, но сигурно, испливуваат информациите за странски „увоз“ на високо-токсични материјали, кои под превезот на обичен отпад одамна се складираат и горат на македонските депонии. Јавна тајна која не ја знае и ја игнорира само власта на Тачевци, заглавена до уши во митото и рушветот од „складирањето“ на истите живото-загрозувачки материјали кои од државата прават токсична бомба за навек. Северна депонија…

Трето, зошто и би се посомневале во дарбата на агилните трујачи од власта, северни хохштаплери кои веќе 6 години редум национално не’ трујат и ништат со опортунистички, северни пестициди? Гебелсчиња, маричиќиња и забрчанчиња кои катадневно ја трујат јавноста со продуктите од северната фабрика за лажни вести? Настрана 30-годишното богато искуство и серијата „успеси“ во дејноста на токсиколошките експерти за ништење на знаме, устав, територијални поделби и исконско име. Пестицид за „пирејот“. Во обид, затоа што ништо од прикаската не е завршено.

Така, во Македонија и мноооогу пошироко, никој жив одамна нема сомнежи во талентот и „квалитетите“ на фигуративните и буквални наследници на Лукреција Борџија, трујачи и развратници на секое можно поле, неспособни Едиповци со Електра комплекс кои и е..а мајката на сопствената татковина, северни чеда возљубени во Мамон, дилајли кои да ги оставиме на власт уште две-три години самите ќе се испозатворат затоа што немаат исав и крадат ко улави. Освен што така ќе ја унишат и Македонија. Доуништат, де…

Најмалку, пак, чуди информацијата дека истите овие тотални и ултра „неспособњаковиќи“ и’ ги с’скале амбасадорите и странските фунционери на опозицијата за да ги убедат да поддржат забегани, пробугарски и самоубиствени уставни измени. Стар, добро познат антимакедонски филм на „демократската“ употреба на Хановите „балкански методи“, дозволени и благосиљани криминални средства од „меџународна“, злодејанија пожелни секогаш кога Македонецот треба да принесе нова саможртва на олтарот на  лицемерниот прогрес, напредок и интеграција. Да се надеваме дека нема да присуствуваме на уште едно дежа ви. Овојпат, за среќа, опозицијата е постамена и без претходен багаж за да ги стискате за „онаквите“. Настрана силната поддршка на македонскиот народ кој врие…

Уште Рене Декарт вели дека демократија не е да го правиш она што сакаш (рецептот на Заевци, Тачевци и Грубиевци), туку да не го правиш она што не сакаш. Пак она што ни го прават бандитите.

31.година ќердосани со Бранковци, па Бучковци, Заевци и Тачевци и една лита чета одроди околу нив не’ терате да го правиме она што не го сакаме, создавате мачнина во стомакот, исконска тежина во душата и не’ терате на блуење. Аман веќе, крајно време е за едно громогласно ДОСТА Е!

И не прашувајте се зошто кловновите се однесуваат како кловнови. Време е да се прашаме зошто ние постојано доаѓаме и доаѓаме во истиот тој циркус…