вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Тро-двоински лажговци и 104% плачковци

Тро-двоински лажговци и 104% плачковци

Пискотници се слушаат од Бихаќка до Мала Река (чица). Што мака октомвриска ги збра Таче и Али та гласи тажна ека и навева сал коб и зла?

А, ништо страшно, тоа СДССС и ДУИ пак ко попарени запискаа дека не сакаат да одат на предвремени парламентарни избори. Ни под разно. Оти многу биле јаки, абе топ не ги биел. Ако не верувате, прашајте ги оние патолошките од Стратум&лажум. Проверено, 104 насто ќе „тепаат“ на избори. Во 2524 година…

Ок. Никој не се изненади од пискотот и тажната ека, оти дотичните се 104% плачковци. Докажано, емпириски. Доказите се по амбасадите и кај хохштаплерите од „анкетната“ партијска агенција која вол не може да убоде и која и претходно „погоди“ силна победа на СДСССС, на локалните избори… И, ај што по тоа не се скрија во некоја зајачка дупка, туку та-даааам, еве ги пак бесрамниците, тресат зелени, лажат-сушат, муљаааат ко навиени. Ве потсетија на афинитетите на идолот им Црпко, оној новокомпонираниот, инфантилен „умоделач“ со фондациите, нели? Крвта не е вода…

А, зошто премиерот „никад гласан“ и вечниот командант Алија воопшто и би сакале да има избори во едно? Да заштедат, да превенират уставна криза ли? Па тие се родени за трошење, арамилак и за сооздавање уставни кризи и негова измена, чуму ајваните би се откажале од она што најдобро го знаат, зошто би го криеле талентот непрокопсан? На северните плачковци не им стиска парламентарните да бидат во ист ден со претседателските, затоа што хохштаплерите чија партија ја ничкоса Македонија немаат проблем со трошење на плус ДЕСЕТ МИЛИОНИ ЕВРА народни пари. А, и чуму да имаат, па не се нивни да ги боли, нели? И така, Стокиќ и Алија му помагаат на Ќурка да си купи шанса од „цели“ месец ипол фора за да ги испорача уставните измени заради кои и го поставија мисирот кој ветувал многу, ама на пустиот слабо му оделе исполнувањето и математиката…

А, кој ќе биде начинот во натамошниот поход кон уставен дебакл, ново предавство во обид и внос на државоразорни Бугари како државотворен народ во македонската света книга? Епа, онака како што само знаат и умејат ајваните. Ќе тужакаат и кукаат по амбасади, ќе молат, колат, ќе целиваат рачиња и ноџиња, ќе лелекаат за ЕУ, та како тоа ќе ни избегал возот, та како лошите вмровчишта го срушиле перонот, та снемувало јаглен за пустиот „брз“ воз со парна локомотива од 1825-та година…

И додека на сите им е преку глава од сервилноста, безрбетништвото, лигавлукот, субмисивноста и патетиката на Тачевци, тие без мака и со голем елан и натаму ќе ја тркалаат и клацкаат насила северната утопија, на мускули, глумејќи дека ступидниот воз се движи, а тој стои во место седма година по ред и одвреме-навреме си вози во рикверц. Од мака…

Затоа, кога Битиќи лаже дека имаат дво-третинско мнозинство за Уставните измени, молејќи  без срам и перде за поделба на ВМРО и за антимакедонско обединување со оддродите во конечната девастација на Македонија, притоа патетично лажејќи за некакви измислени „мажи“ и жени кои ќе ја оформеле сонуваната им 80-ка во Парламентот, исто е како да рече дека имаат тро-двоинско мнозинство во Собранието, нема разлика. Лага си е лага, била голема или мала. 3/2 е барем трагикомична лага…

Да, живееме во паралелни универзуми.

Во имагинарниот, утопијски северен свет на патолошките лажговци од Бихаќка тие имаат тро-двоинско мнозинство гласови за Уставни измени, таму Бугарите веќе не не’ условуваат за ЕУ и се ослободители во 2-та светска војна,  максималниот број е 104% испитаници во анкета, Преспанскиот договор е победа, Референдумот за името е триумф, Ќуран „тепа“ десет : нула на парламентарни, а државата им е со она ступидното на „С“. Во „нивната“ земја, сверџганистанците се срамат да кажат македонски и Македонија.

Во реалноста и за сите останати во државата, СДСССС нема ни дво-третинско, туку бедни 70 пратеници за уставни, Бугарија аздисува без исав и мерка до сто и едно и е фашистички окупатор во војната, во нашиот универзум максимумот е 100% испитаници на јавното мислење, Преспанскиот е капитулација, а Референдумот значеше крик за суверенизам и НЕ! за промена на името. Таму, Таче на парламентарни избори (30 пратеници се плафон) губи ко Груби ставен на детектор за лага, а државата ни се вика МАКЕДОНИЈА. Во нашиот свет е чест и гордост да се каже МАКЕДОНСКИ и МАКЕДОНИЈА и е најголема чест, обврска и аманет да се биде МАКЕДОНЕЦ.

Честит нека ни е 11-ти ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ВОСТАНИЕ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР!!!

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!!!