вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

23 Октомври – 130 години подоцна, каде ли згрешивме?

23 Октомври – 130 години подоцна, каде ли згрешивме?

Како што гледам, дури и по 130 години, денешниве генерации не сфаќаат ништо.

Не разбираат дека борбата се води со срце, со пожртвуваност и со идеали. Дека вистинскиот водач гине А своите идеали и за својата кауза. Дека е спремен да ризикува и кариера и семејство, само за да ја истера каузата. Дека не може да има милост и договор со продадени души, кодоши и арамии. Дека мора да владее ред и поредок, и дека на секој мора да му де знае местото.

Денес живееме во време на сплетки, кодишлук, злоба и комплекси. Со лажни дипломи, курварлук, роварења, ама не за кауза, туку за личен интерес.

Уште тонеме. А ќе не биде ко ќе ну пукне филмот. Уште не сме до таму. Македонија ја создале мажи со став и со срце. Денес гледам многу повеќе жени со такви карактеристики. Мажите влеговме во патетиката на желбата за да се биде “ин”, локалниот урбан фраерлук и чалам. Кој решил да мобилизира и води народ, овоземско признание нема да добие. Ќе биде славен кога ќе го нема. Ама ретко кој за тоа е подготвен.

Денешниот ден не е за постирање селфиња, гушкање со другарчињата и јачање дека сте за Македонија. Денешниот ден е за попис пред самите себе, што се сте направиле за каузата, за Македонија, за обичниот народ, за браќата и сестрите во соседство, во дијаспората.

Македонецот пред 130 години не сакал да биде ниту фраер, ниту инфлуенсер. Неќел ни да влезе во Управен, ниту да фати тендер. Со странските дипломати зборувал цврсто, стамено и решително, до ниво на фанатизам. Размислете каде денес грешите.

И да, немало никогаш да дозволи да продавач на лубеници го продаде, да го апси, понижува, тргува со него, за на крајот му се смее в лице и мува да не го лази.

Денес е тежок празник, ден на жалост дека борбата продолжува. Борба за независна и самостојна држава Македонија, во која слободно се живее, во која сите се еднакви по права и обврски, ви која се зборува македонски, во која народот има иднина и надмевки на лицата.

Денес се остава цвеќе на гробовите и спомениците на великаните, денес се молчи и секој се преиспитува – каде ли згрешивме?!

Да си жива и здрава Македонијо!

Александар Ристевски