вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Колумни

Патолошки лажговци со уплав од избори

Патолошки лажговци со уплав од избори

Престолонаследник или лажгонаследник? Или, поверојатно, двете. Во фазонот на  „добивме датум за преговори“, лажга кажана со дигнатите прстиња во авиончето далечниот 28 јули 2018-та, Таче катаднево ја продолжува невозможната патолошка мисија на Заев&компанија. Така, дознавме дека, само замислете  – сме биле најдобри на Балканот, па затоа и први требало да влеземе во ЕУ? Ццццц. Да, нема, нема, па ќе тресне пустиот никогаш избран премиер за да го обели ѓон-образот и да не потсети на својот идол и монарх Црпко. Оти, крвта може и да биде вода, ама престолонаследникот Ќуран мора да биде продложувач на ликот и неделото на оној кој го намести.

Новокомпонираната народна поговорка вели „ Кој лаже, тој краде, пари врие и на Бихаќка/Мала Речица спие.“

Оваа безобразна и евтина лудорија  за „најдобри на Балканот“ е смислена и срочена во време кога фактите јасно велат и вриштат дека имаме најлош економски перформанс во регионот во комбинација со највисока инфлација, најслаб раст и мега задолжување?! Мислеше ли Таче на перформансот на Владата за празнење на народната каса, на корупцијата или парализираното судство, крш здравство и нула образование? Тука, дефинитивно, се најдобри. Од позади…

За жал, сведочиме време на владеење на патолошки лажговци. Има и разлика, ова се специфични, уникатни, северни патолошки лажговци. Лажат нон-стоп, лагата им е природна средина, но разликата е што, барем во светот, патолошките лажговци лажат само колку да лажат. Патолошкото лажење се дефинира како состојба во која одредена личност лаже постојано и тоа без одредена причина.

Арно ама, нашите патолошки лажговци лажат и со причина и со цел, за разлика од светските им побратими и носители на истата дијагноза. „Нашите“ лажат за да бидат на власт и за да крадат, лажат-корнат затоа што имаат уплав од избори кои ќе означат крај на нивната антимакедонска авантура.

Патолошките лаги се различни од оние „обичните“. Се работи за лаги кои се постојани и се кажуваат секогаш. Велат дека честопати ова се поврзува со емоционални нарушувања, а според некои истражувања патолошкото лажење се поврзува со специфичен невролошки шаблон кој вклучува мал дефицит на меморија, како и негативен начин на кој одредена индивидуа евалуира информација. Пак ви доаѓа сликата на Цаци, Таче, Артан, Љупче, Маричиќ, нели…

А, како ќе познаете патолошки лажго? Науката вели дека нивните лаги се елаборирани и неоригинални, преполни со евтини фрази и флоскули, изгледаат и премногу опуштено, бидејќи се убедени во тоа што го кажуваат, а нивната насмевка е неискрена. Живеат во свој свет, не се во допир со реалноста. И оваа реченица е краток опис на актелниот премиер и бандата околу него. Приспомнете си само на нивниот вокабулар, на реакциите кон новинарите, на фацијалната им експресија и тресењето зелени како да не се одовде…

Си имаме работа со банда која не може да определи датум за избори, не па да донесе датум за преговори со ЕУ, подобар живот или да направат нешто за Македонија и Македонците.

Науката понатаму вели дека за да се излечат, единствен начин за патолошките лажговци е интензивна, постојана терапија која тие најверојатно цврсто ќе ја одбиваат и за која треба да бидете многу упорни за да ги натерате да ја применат. Така и со северните патолошки лажговци, кои по 7 години лаги, кражби и уништување национални светии, конечно, ќе мораат да ја применат терапијата наречена избори.

Овојпат, нема бегање, кога и да бидат, во прашање се само месеци. Само, се’ се плашам дека по изборите, ќе лажат уште повеќе.

Арно ама, за промена, тогаш ќе лажат-сушат во опозиција, на суд или во зандана…