Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска се обрати во Обединетите нации, тој таму кажа дека никогаш нема да ја предадат американската сувереност на некоја неизбрана, неодговорна глобална бирократија.
-Америка е водена од Американци. Ја отфрламе идеологијата за глобализација и ние ја прифаќаме доктрината на патриотизмот. Во светот, одговорните нации мора да се бранат против закани кон сувереноста, не само од глобалните влади, но исто така од други нови форми од принуда и доминација, изјави Трамп.