недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Волстрит џурнал“: САД повлекуваат ракетни системи од Блискиот Исток

„Волстрит џурнал“: САД повлекуваат ракетни системи од Блискиот Исток

САД ќе повлечат противавионски и ракетни батерии од Блискиот Исток, објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на неименувани американски воени претставници.

Весникот посочува дека Пентагон следниот месец ќе повлече четири ракетни системи од Блискиот Исток.

– Четири ракетни системи Патриот ќе бидат повлечени од Јордан, од Кувајт и од Бахреин, наведува „Волстрит џурнал“.

Весникот, повикувајќи се на неименувани воени извори, наведува дека фокусот на американската армија од судирите на Блискиот Исток сега се пренасочува  на тензиите со Кина и со Русија.