петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бектеши се обрати на собир во населбата „Бела Кула“ во Кичево

Бектеши се обрати на собир во населбата „Бела Кула“ во Кичево

Министерот за економија Крешник Бектеши синоќа во Кичево по повод претстојниот референдум се обрати на собир на жителите од населбата „Бела Кула”, каде претежно живеат припадници од ромската заедница.

На собирот, којшто беше инициран од месната заедница на оваа населба, тој пред присутните зборуваше за екомомските придобивки за земјата од зачленувањето во ЕУ како и од придобивките со пристапувањето кон НАТО Алијансата.

Емин Мамудоски претседател на месната заедница „Бела Кула“ и директор на НВО „Преродба“, изрази благодарност до министерот Бектеши што ја прифати поканата да ја посети населбата. Тој при тоа изрази надеж дека Ромите од Кичево масовно ќе излезат на гласање за референдумот и ќе се изјаснат “За Европска Македонија” .

Министерот Бектеши на собирот одговараше на прашања поставени од страна на присутните.

(Миа)

Најнови вести