Студената есен доведе до температури од дури минус осум Целзиусови степени измерени во областа Харгита во Централна Романија.
И во други делови на Романија измерени се минусни температури, а во Харгита била забележана и слана. Најниската температура забележана во овој дел од годината во Централна Романија изнесува минус 10 степени и е измерена во 1977 година.
Метеролозите очекуваат затоплување во следните денови, откако ќе помине бранот арктички воздух.