сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Причината за смртта на Дајана, нека ви биде поука на сите: Принцезата ќе беше жива ако го врзела појасот во автомобилот

Причината за смртта на Дајана, нека ви биде поука на сите: Принцезата ќе беше жива ако го врзела појасот во автомобилот

Патологот кој вршел аутопсија на телото на принцезата Дајана вели дека таа би ја преживеала несреќата само ако појасот ѝ бил врзан, а за нејзината наводна бременост се изјаснил прилично неодредено.

Докторот Ричард Шеперд, еден од најпознатите светски патолози, кој го прегледал телото на принцезата по трагичната несреќа, тврди дека немало медицински докази дека таа во моментот на смртта била бремена.

Доктор Шепард во интервју за „Дејли мејл“ бил прилично контрадикторен и таинствен додека зборувал за тоа што го открил со аутопсијата на нејзиното тело.

Тој вели дека луѓето му поставувале многу бизарни прашања за Дајана.

-Ме прашуваа дали била убава, дали била смирена, дали била трудна. Секогаш внимавав да не откријам нешто што не е објавено, рекол тој.

На прашање дали навистина била трудна, како што се шпекулира, тој рекол: „Немаше медицински докази дека била трудна. Но, некои жени тврдат дека од самото зачнување знаат дека се трудни, можеби таа била една од нив“, рекол тој.

Шепард тврди дека Дајана би била жива ако го врзела појасот во автомобилот.

-Би преживеала можеби само со модринки или можеби со скршена рака, тврди доктор Шепард.