вторник, 19. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Арсовски: Претседателот на Советот во Неготино и вработен во ТЕЦ Неготино на својата мајка и доделил 3 тендери во вредност од половина милион денари

Арсовски: Претседателот на Советот во Неготино и вработен во ТЕЦ Неготино на својата мајка и доделил 3 тендери во вредност од половина милион денари

Очигледно е дека СДСМ нема намера да прекине со криминалот, па дури и во најмалите локални единици на уредување како што се општините со коишто управуваат, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Каква Влада, такви локални функционери на СДСМ. Претседателот на Совет на општина Неготино Диме Витанов ги следи постапките на Зоран Заев, Кочо Анѓушев, Хари Локвенец и останатите во врска со бизнисите. Како што можевме да видиме вчера од медиумите, Претседателот на Советот во Неготино и вработен како приправник во ТЕЦ Неготино кој учествува во креирањето на јавни набавки во истата институција, Диме Витанов, во месец април и септември на својата мајка Сијка Витанова и доделил 3 тендери во вредност од половина милион денари. Мајката на Диме Витанов, Сијка Витанова е управител на фирмата Феникс М-М Сијка ДООЕЛ од Неготино и како што можевме да видиме земала тендери од ТЕЦ Неготино и ООУ Гоце Делчев од Неготино. Набавките биле за кафе, чај, пијалоци, па дури и мерни инструменти токму во институцијата каде што нејзиниот син Диме Витанов работи како приправник и општинско училиште кое исто така е под ингеренции на советот каде што син и е претседател на советот, истакна Арсовски.

Тој нагласи дека ова е начинот на работа на СДСМ. Ова се вредностите кои што ги поседува СДСМ. Ова е причината зошто СДСМ се бореше да дојде на власт.

-Ги повикуваме институциите да го истражат случајот, каде што евидентно е дека се работи за класичен судир на интереси од највисок степен. Судирот на интереси е дело за кое што се одговара, бидејќи се работи за јавен функционер кој што располага со пари од граѓаните. СДСМ и нивните кадри се докажаа како недостојни да управуваат со државните институции и ресурси. На крајот, Република Македонија и граѓаните ќе победат, посочи Арсовски.

Најнови вести