До 13 часот во општина Велес излезеноста изнесува 14,65 отсто, односно на референдумско гласање излегле 6.758 гласачи од вкупно 46.110 кои се запишани на единствениот избирачки список, информираат од Општинската изборна комисија во Велес.
И во оваа општина се бележи далеку помала излезност од онаа на предвремените парламентарни и локалните избори.
На превремените парламентарни избори кои се одржаа во декември 2016-та година, до 13 часот во Велес 35,68% го искористиле правото на глас.
30,72% од велешаните со право на глас, до 13 часот гласаа на локалните избори лани.