Само 16,72% од избирачите во општина Ѓорче Петров до 13 часот излегоа на референдумот.
За разлика од денес, граѓаните на оваа скопска општина, на сите изминати изборни циклуси, далеку во поголем број излегоа на гласање.
Така, на локалните избори кои се одржаа лани, до 13 часот гласале 32.98% од граѓаните со право на глас.
На предвремените парламентарни избори во декември 2016-та, до 13 часот гласале 41.33% граѓани од Ѓорче Петров со право на глас.