сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ботас: Тежок ден, сите видовте што се случи

Ботас: Тежок ден, сите видовте што се случи

Валтери Ботас не го криеше своето разочарување од второто место во трката за Големата награда на Русија, што ја освои неговиот тимски колега Луис Хамилтон.

Тој имаше вистинска шанса да заврши како победник, ако не беше стратегија на неговиот тим.

Во средина на трката во Сочи, на Ботас му беше наредено да го пропушти Хамилтон, кој се бори за титулата во шампионатот.

– Тежок ден. Добар резултат за нас како тим. Го зедовме максималниот број поени, но лично, сите видоа дека е многу тешка трка за мене. Пред почетокот на трката поминуваме низ сите сценарија. Луис се бори за првенството, се бориме за прво место во конструкторите и секогаш имаме план. Но, секогаш е тешко да се предвиди една трка и што ќе се случи, рече Валтери Ботас.