среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

МВР се огласи за референдумскиот ден (ВИДЕО)

МВР се огласи за референдумскиот ден (ВИДЕО)

Денешното референдумско изјаснување на граѓаните на Република Македонија мина мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференцијата по завршувањето на гласањето.

-Министерството за внатрешни работи, согласно претходно направените планови и преземени активности, целосно се посвети и ангажираше во обезбедувањето на нормални услови за непречено спроведување на волјата и правото на граѓаните. Во сите случаи на загрозување на гласачкото право или нарушување на јавниот ред и мир беше експресно реагирано, а во најголемиот дел од случаите сторителите беа приведени или повикани во полициска станица .До 19 часот евидентиравме дваесетина случаи, меѓу кои имаше напад на полициски службеници, фотографирање на гласачи, фотографирање на гласачко ливче, спречување на граѓани да гласаат и сл. Приведени или повикани во полициска станица до сега се 12 лица, рече Ангеловски.

Дел од овие случаи се веќе документирани и поднесени се соодветни поднесоци, а останатите ќе се расчистат во текот на наредните денови.

-Сакам да потенцирам дека ова не се целосни бројки затоа што постои можност да е регистриран уште некој случај при крајот на гласањето. На крајот дозволете ми да ви се заблагодарам и на вас медиумите за соработка што ја имавме во текот на денешниот ден, се со цел соодветно да ги информираме граѓаните, рече Ангеловски.

Најнови вести