среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Кажи не на дрогата, да на животот“, превентивни активности на МВР

„Кажи не на дрогата, да на животот“, превентивни активности на МВР

Во рамки на редовните и плански организирани превентивни активности вчера (01.11.) на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Охрид, Штип и Куманово, полициски службеници од овие сектори за внатрешни работи реализираа едукативни работилници со ученици од повеќе образовни институции на подрачјата на овие организациони единици на МВР.

Така, во средните училишта во Прилеп – „Орде Чопела“ и во Крушево – “Наум Наумовски Борче“ се одржаа едукативни работилници посветени на врсничкото насилство и едукативно предавање на темата „Кажи не на дрогата, да на животот“, додека пак во охридското основно училиште „Христо Узунов“ го реализираа превентивно-едукативниот проект посветен на појавата на врсничко насилство. Исто така, за средношколците од штипското средно училиште „Јане Сандански“ беше одржана едукативна работилница „Кажи не на дрогата, да на животот“, а за учениците од основното училиште „Свети Јоаким Крчовски“ беше реализирана работилница посветена на превенција од врсничко насилство.

Инаку вчера, покрај овие активности, на подрачјето на СВР Битола полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола во централното подрачје на Битола реализира превентивни активност во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот „Не користи алкохол кога возиш“, а полициски службеници од Полициското одделение Новаци, реализираа превентивна активност на подрачјето на Новаци во делот на заштитата од кражби и измами на граѓаните.

Најнови вести