среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Османи: На вчерашниот референдум гласаа околу 250.000 Албанци

Османи: На вчерашниот референдум гласаа околу 250.000 Албанци

Во однос на обвинувањата дека се полнеле избирачки кутии во Сарај и Струга, вицепремиерот Бујар Османи ги демантираше ваквите информации, додавајќи дека тоа треба да го проверат надлежните институции.

Прашан дали ДУИ е за предвремени избори, Османи рече дека ставот на партијата е да се исцрпат сите можности за пратениците да гласаат за измените бидејќи Македонија има големи обврски пред себе и сите други прашања треба да се потчинат на оваа возвишена цел – а тоа е членството во НАТО и во ЕУ.

Тој ги демантираше шпекулациите дека Албанците вчера не гласале во доволен број.

– Тие гласаа во максимален можен број во кој во моментов ги има во Македонија. Тоа го гледам споредбено со сите други изборни циклуси. Ако ги земеме локалните избори, секогаш на локалните избори излезноста е најголема. Албанците имаат нешто поголема излезност отколку на локалните избори во 2017 година. Според општините каде што Албанците се во доминантно мнозинство околу 270.000, процената е некаде околу 250.000 дека гласале вчера, но тоа треба да се потврди, истакна Османи.

Најнови вести