петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МНР за КУРИР: Не е точно дека министерот Димитров си поднел оставка

МНР за КУРИР: Не е точно дека министерот Димитров си поднел оставка

Министерот за надворешни работи Никола Димитров поднесе оставка од својата функција, oбјави телевизијата „24 вести“ во нивнот дневник.

Од МНР, во телефонска изјава за КУРИР велат дека ваквата информација не е точно и дека се работи за лажна вест.

Од Министерството испратија и демант.

-Министерството за надворешни работи најостро ги осудува малициозните обиди за ширење лажни вести и децидно ја демантира дезинформацијата дека министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, дал оставка.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, како и досега, така и понатаму, ќе продолжи посветено да работи на европската и евроатлантската иднина на земјата, со цврста верба во решителноста и јасно изразената мнозинска волја на вчерашниот референдум.

Во овие клучни времиња за Република Македонија, најмногу од се’ е потребна мудрост, разум и храброст за преземање одлучни чекори за конечно обезбедување иднина за нашите граѓани.

Повикуваме на одговорност за овој груб фалсификат, кој и покрај аматерскиот и крајно очајнички обид за лажно продуцирање на официјален акт на министер во Владата на Република Македонија, прави голема штета со тенденциозното пласирање на една огромна невистина, се вели во демантот од МНР.

Најнови вести