четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Народот на власта ѝ покажа црвен картон

Мицкоски: Народот на власта ѝ покажа црвен картон

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во отворено студио на Алфа Телевизија истакна дека народот на референдумот ѝ покажа црвен картон на власта, затоа што никој не може на сила да оди против волјата на граѓаните и токму затоа  на следните парламентарни избори Заев и СДСМ повторно ќе добијат црвен картон.  

– Народот им покажа црвен картон и народот и народот  на следните избори без разлика дали ќе бидат предвремени или редовни парламентарни избори ќе им покаже повторно црвен картон и ќе ги прати во една трајна политичка пензија, онаму заборавен длабоко во времето на транзицијата на Република Македонија, потенцираше Мицкоски

На прашањето дали може на сила да се истуркаат уставни измени, Мицкоски истакна дека видовме дека еден процес ваков каков што е и на сила дури и не може да се истурка, бидејќи против волјата на граѓаните, против народот никој не успеал, така да нема ниту Зоран Заев и таа мала пајташи околу него да им успее.

Најнови вести