Денеска добив еден неофицијален показател кој вели дека странските директни инвестиции во јули се едноцифрен број на милиони евра, а градежништвото мислам во август годинава е некаде минус 30 проценти споредено со истиот период минатата година. Замислете август минатата година кога беше катастрофално, сега имаме уште покатастрофално ниво, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој гостуваше во емисијата „Отворено“ на телевизија Алфа.
Мицкоски посочи дека кога ги анализира работите врз основа на овие информации кои ги добива од теренот, но и од луѓе кои се дел од политичката сцена, како и силењето на Заев за предвремени парламентарни избори подразбира дека тој ќе ги изгуби.
-Ќе ги изгуби и Зоран Заев ќе замине трајно во политичка пензија. Тоа е се повеќе реалност и претставува внатрепартиски конфликт во СДСМ, каде тој е силен од неговите соработници за предвремени избори, а по истите ќе се бара негова одговорност, посочи Мицкоски.