Италијанските градови Милано и Кортина д’Ампецо ќе претендираат за домаќини на Зимските олимписки игри во 2026 година.
Италијанскиот олимписки комитет официјално го објави поднесувањето на апликацијата. Кортина д’Ампецо два пати беше домаќин на Зимските олимписки игри – во 1944 и 1956 година.
Конкуренти на италијанските градови се турскиот Ерзурум, шведскиот Стокхолм и канадскиот Калгари.
Турскиот олимписки комитет, претходно објави дека во случај Ерзурум да ја добие организацијата, дел од натпреварите, особено оние на боб-патеките, би се одржали во Сочи, Русија.