Русија ќе прифати кое било име што ќе биде официјално договорено меѓу Атина и Скопје и што ќе биде внесено во Уставот на Македонија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на годишната прес-конференција во руското МНР.
Интензивирањето на преговорите за името Лавров го поврзува со желбата на САД да ја внесат Македонија во НАТО.
„По ‘долгогодишниот полусон’ разговорите сега се интензивираат и на сите им е јасно зошто. Не станува збор за приближување на двата балкански народи, туку за желбата на некои едната од нив да стане членка на НАТО“, вели Лавров.
Неговата проценка е дека отстапките ќе треба да ги направи Македонија која сака да стане членка на НАТО, а не Грција, која веќе е дел од Алијансата.