Американскиот државен секретар Мајк Помпео овој викенд ќе ја посети Северна Кореја и в недела ќе се сретне со нејзиниот лидер Ким Џонг-ун, во обид да се забрза процесот за денуклеаризација на земјата, соопшти Стејт департментот.
– Од 6 до 8 октомври Помпео ќе посети четири азиски земји – Јапонија, Северна Кореја, Јужна Кореја и Кина, изјави портпаролката на Стејт департментот Хедер Ноерт.
Тоа ќе биде четврта посета на Помпео на Северна Кореја од пролетта оваа година и се случува пред вториот планиран самит меѓу Ким и американскиот претседател Доналд Трамп.
МИА