понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Градежништвото е во континуиран пад – Вредноста на извршени градежни работи во пад од 29,8 %

Градежништвото е во континуиран пад – Вредноста на извршени градежни работи во пад од 29,8 %

Според официјалните информации објавени на Државниот завод за статистика вредноста на извршени градежни работи  во месец јули 2018  споредено со лани истиот месец е намалена за скоро 30 % или поточни 29.8 %. Ова е катастрофален резултат посебно ако се земе фактот дека Владата и економскиот тим ветуваше дека ќе се интензивираат работите во градежништвото и во делот на реализација на капитални инвестиции но ништо од тоа не се случи.

Така според официјалните резултати во месец јули за оваа година 2018 стои дека вредноста на извршени работи изнесува 2 264 451 илјади денари додека за истиот месец лани во 2017 година оваа бројка е 3 225 295 илјади денари што е пад за 29,8 %.

Според експертите ова е катастрофална состојба во градежништвото но и во економијата ако се земе во обѕир фактот дека градежништвото е една од носечките гранки во македонската економија и има огромно учество во градењето на БДП кој како што е познато беше катастрофален за 2017 година односно 0,1 %.

Ова според познавачите се должи на слабата реализација на капитални инвестиции  каде економскиот тим на Владата потфрли во нивната  реализација а  тоа имаше огромно влијание врз  слабите резултати и перформанси на македонската економија во последните година ипол.

Така  за првите осум месеци од годинава реализацијата на капиталните проекти е на очајно ниво односно  изнесува поразителни  23,33 проценти.