Владата засега не дава дополнителни информации во врска со стенограмите од лидерските средби во Македонија, што вчера ги објави грчкиот весник „Катимерини“.
– И ние ги видовме објавени во медиумите и претходниот ден во дел од германските медиуми, но во моментот не би можел да ви дадам никаква дополнителна информација во врска со објавените документи, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната редовна прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање.
Под наслов „Доверливите стенограми од лидерите на ПЈРМ“, грчкиот весник „Катимерини“ објавува дијалози од лидерските средби во Македонија одржани на 27 јануари и на 19 мај годинава, пред потпишувањето на договорот со Грција.
МИА