Не е чест случај голф играчите да распалат по топката толку силно и таа да одлета во публиката и да погоди некого.
Такво нешто се случи и на Рајдер турнирот. Голф играчот Брукс Коепка ја погоди жената Корин Реамнде, која седеше во публиката и во таа прилика остана без око.
-Докторите ми кажаа дека веќе нема да можам да го користам тоа око, кажала Реманде.
На неа и експлодирала очната јаболчница, а моментално размислува дали да поднесе тужба против играчот. Традицијата наложува во знак на извинување на навивачите кои ќе ги погодат да им потпишат и поклонат ракавици или топчиња или да им плати смештај, но моментално не е познато дали Коепка и понудил помош на Реманде.