„Јас како пратеник нема да гласам за уставни измени со цел промена на установото име. Веднаш по завршувањето на референдумот јас го кажав личниот став дека за мене овој процес е завршен, и дека волјата на граѓаните беше јасно искажана на референдумот“, изјави синоќа координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев пред почетокот на Извршниот комитет на партијата.