петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ размислува за санкции против Мјанмар поради Рохинџите

ЕУ размислува за санкции против Мјанмар поради Рохинџите

Повеќе европски дипломати деновиве ги брифираат новинарите дека ЕУ се посериозно размислува да воведе трговски санкции против Мјанмар, откако во извештај на ОН во август беше обелоденето дека Мјанмар има „геноцидни намери“ кон Рохинџите. Рохинџите се муслиманска заедница во оваа доминантно будистичка земја.

Европските фунцкионери и дипломати сметаат дека самата закана за санкции би можела да доведе до промена во земјата.

Минатата година извозот во ЕУ на оваа земја изнесувал милијарда и половина евра. Евентуалните санкции би биле директен удар врз бројните странски инвеститори присутни во Мјанмар.

Во Европската Комисија меѓутоа, за сега, нема консензус околу оваа прашање, велат дипломатите. Додека комесарката за трговија Сесилија Малмстром поддржува ваква мерка, високата претставничка за надворешна политика, Федерика Могерини побара претпазливост поради ризикот обичните граѓани да бидат диспропорционално засегнати од ваквиот потег. Шефот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер сѐ уште не заземал став.