вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Карлос Хуберијас професор по право од Шпанија: Договорот од Преспа е предавство на Меѓународното Право

Карлос Хуберијас професор по право од Шпанија: Договорот од Преспа е предавство на Меѓународното Право

Преспанскиот договор е, како прво, олицетворение на едно предавство на основните начела на меѓународното право и како второ, сосема празно ветување без никакви гаранции. Во првиот случај, бидејќи значи давање право на една земја – Грција – да се меша во внатрешните прашања на друга земја – Македонија – оставајќи ги на тој начин на милост на еден билатерален договор прашањата околу името, идентитетот на народот па дури и јазикот, определби што ниедна слободна земја не би требало да дозволува да бидат одлучувани од некој однадвор, туку само од своите граѓани.

Згора на тоа, Грција поседува јасна предност како член на двата гореспоменати сојузи (алијанси) при кои Македонија цели да пристапи – пишува за Нова Македонија истакнатиот професор по уставно право од Шпанија, Карлос Флорес Хуберијас, кој се осврнува на спогодбата со Грција како и на штотуку одржаниот референдум во Македонија, притоа оценувајќи го поставеното прашање пред граѓаните како едно од најизмамничките прашања во историјата на сите референдуми.

И второ, додава тој, отстапките што сега и овде се очекуваа од Македонија ќе беа само во замена за едно нејасно ветување за почнување преговори за членство што би можеле да водат некаде или да не водат никаде, и чиј успешен заклучок на крајот на краевите не ни беше во рацете на Грција.

Понатаму во текстот стои: Имајќи го сето ова предвид, не е за чудење што граѓаните на Македонија оваа недела одлучија да му го свртат грбот на својот премиер, следејќи ги советите на претседателот на државата и да останат дома наместо со својот глас да поддржат еден договор, договор, кој, пак, како врв на дрзнувањето, беше ставен на референдум преку едно од најизмамничките прашања во историјата на сите референдуми.

Најнови вести