среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

И Германија ја обвини Русија за голем кибер напад

И Германија ја обвини Русија за голем кибер напад

Германската Влада ја обвини Русија дека е стои зад голем кибер-напад од минатата година, јави ДПА.

Според Федералната влада има „голема веројатност која граничи со сигурност“, зад кампањата на ЕјПиТи28 да стои руската служба за воено разузнавање ГРУ, соопшти денеска во Берлин владиниот портпарол Щефен Зајберт.

ЕјПиТи28, позната уште како „Фенси Беар”, се смета дека е група за кибершпионажа поврзана со ГРУ.

САД, Велика Британија и Холандија вчера упатија обвинувања кон Русија дека вработени во нејзиното воено разузнавање извршиле кибер напади против организации, стационирани на Запад.