петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ВИДЕО: Нурмагомедов неприкосновен, МекГрегор „уништен“

ВИДЕО: Нурмагомедов неприкосновен, МекГрегор „уништен“

Борбата на векот во УФЦ помеѓу Конор МекГрегор и Хабиб Нурмагомедов траеше три и пол рунди, а заврши со победа на Русинот.

Борецот од Дагестан остана непоразен и по 27-та професионална борба, а денес покажа доминација како никогаш досега. Првата рунда започна така што Нурмагомедов го собори противникот на подот и таму го држеше сите пет минути. Во втората Ирецот доби тежок удар по кој не заздрави и започна да го губи здивот.

По крајот настана вистински хаос, тимот на Нурмагомедов го нападна МекГрегор, а Русинот преку октагонот го нападна противничкиот тренер.