понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Скопската зоолошка со апел до посетителите: Можеби на вас тоа ви е забавно, но е опасно по здравјето на нашите животни

Скопската зоолошка со апел до посетителите: Можеби на вас тоа ви е забавно, но е опасно по здравјето на нашите животни

И покрај вработените, волонтерите, едукативните табли со забрана за хранење и целата кампања, поголемиот дел од посетителите продолжува со несовесно однесување.

-Ве молиме однесувајте се кон животните со љубов и не давајте никаква храна, повторно апелираат од Зоолошката градина во Скопје.

Секое животно си има своја табличка за исхрана, а има и храна на кое е алергично и не смее никако да ја внесува.

-Можеби на вас тоа ви е забавно, но е опасно по здравјето на нашите животни. Нивното здравје и благосостојба ни се на прво место и повеќе нема да толерираме несовесно однесување, додаваат тие.