среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Власта повторно во заштита на криминалците од МВР?!

Власта повторно во заштита на криминалците од МВР?!

Јавен обвинител од скопското Обвинителство донел неправосилно решение да ја отфрли кривичната пријава за советникот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Драган Симоновски, која му ја поднесе МВР за оддавање државна тајна, потврдија од обвинителството за „Макфакс“.

„Јавниот обвинител минатата недела донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава, со оглед на тоа што од обезбедените вербални и материјални докази во рамки на предистражната постапка, не се потврдија основите на сомнение за сторено кривично дело“, велат од скопското обвинителство.

Оттаму додаваат дека основа за проверка биле и приложените докази кон кривичната пријава. „Сите проверки беа направени и тие основи од кривично-правен аспект не се потврдија. Донесеното решение се уште не е правосилно“, велат од Обвинителството за „Макфакс“.

Симоновски беше осомничен дека оддал службена тајна, односно на осомничена во случај на МВР ѝ кажал дека нејзините активности се следат и нејзиниот телефон е под посебни истражни мерки.

Советникот Симоновски е долгогодишен припадник на МВР, кој беше приведен во март во полициската станица во Кисела Вода. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во март рече дека очекува институциите да го расветлат овој случај и дека не смее да има каква било толеранција.

Најнови вести