Денеска околу 14 часот силно невреме ја погоди Преспа, пропратено со град.
Невремето најизразено било во деловите на Јанковец, селата Болно и Избишта.
Првичните информации се дека јаболките претрпија големи штети од ова невреме, што може да се види од фотографиите кои ресенчани ги споделуваат на социјалните мрежи, пишува порталот Маркукуле.