понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Се урна мост над Транссибирската железница, спасувачки екипи на терен, прогласена вондредна состојба (ВИДЕО)

Се урна мост над Транссибирската железница, спасувачки екипи на терен, прогласена вондредна состојба (ВИДЕО)

Во рускиот град Свободни во Амурската Област се урна мост над главната магистрална железница што ја поврзува Москва со Далечниот Исток.

Според руските медиуми едно лице е повредено при уривањето на мостот.

Во моментот на уривање, преку мостот поминувал камион, а возачот се здобил со повеќе повреди, поради што е хоспитализиран.

Се претпоставува дека мостот паднал поради исклучително тешкиот товар што го превезувал камионот.

Локалните власти соопштија дека спасувачки екипи се на терен за да пружат неопходна помош, а во градот е воведена вонредна состојба.