недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Преживеал хорор дури два пати: Маж откри детали за тоа како се соочил со две смртоносни цунами (ВИДЕО)

Преживеал хорор дури два пати: Маж откри детали за тоа како се соочил со две смртоносни цунами (ВИДЕО)

Рахмат Саифул Бахри го преживеал цунамито во 2004-та година од кое беше погодена провинциската област Ачех во Индонезија, а потоа и земјотресот и цунамито  што  на 28-ми септември ја погодиле  областа Палу.

Бахри раскажа дека за време на земјотресот бил во хотел, се  туширал  и единствено нешто што му поминало низ глава било да ги земе маицата и пантолоните и да замине на петтиот спрат.

– Знаев дека доаѓа голем бран. Заминав на повисок спрат за да бидам на врвот ако се сруши зградата, раскажал тој пред камерите на BBC.

Тоа искуство, како што изјавил го стекнал за време на земјотресот и цунамиот во Аче.

– Најважно е да не се паничи, порачува Бахри, додавајќи дека видел се што се случувало со неговите пријатели, кои како што вели заминале на ниските спратови и влетале во голем бран.

Како што изјави, мора да бидете мирни за јасно да размислите, и додава дека е многу благодарен на Бога што успеал да ги преживее земјотресите и цунами.