четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зголемен бројот на делегати на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Зголемен бројот на делегати на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

Во Домот на културата во Валандово денеска продолжи со работа 16. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој што се очекува да биде избран новиот претседател на партијата по оставката на Никола Груевски.

-Денеска има дополнителен број на делегати кои дојдоа на Конгресот, најави Коце Трајановски.

-Пред малку Комисијата за верификација заседаваше и констатира дека денеска се дојдени плус 7 делегати, така да вкупната бројка од 411, се зголеми на 418, истакна Васе Доневски, член на верификационата комисија.

Без ниту еден глас „против“ и „воздржан“, односно со сите гласа „за“, Конгресот ги верификуваше мандатите на дополнителниот број на делегати.

Најнови вести