Својата прва улога во професионалната кариера Бред Пит ја оствари во црногорскиот филм „Темната страна на сонцето”, во кој глумеше заедно со Милена Дравиќ.
Српската глумица почина викендов на 79-годишна возраст и зад неа остави богат театарски и филмски ремек-дела, за кои беше и повеќекратно наградувана. Меѓутоа, малкумина знаат дека во „Темната страна на сонцето”, каде што таа ја имаше и една од главните улоги, Бред Пит го имаше својот прв пробив.
Филмот е снимен на Јадранот во 1988 година, на англиски јазик, а во САД премиерно е прикажан дури во 1999. Бред го глуми синот на Дравиќ, кој се бори со тешко кожно заболување.
Денес, Бред Пит е холивудска икона, а српската глумица честопати знаела шеговито да рече дека и е мило за големиот успех на нејзиниот „филмски син”.