вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Во тетовско Долно Седларце пронајден рачен ракетен фрлач – зоља

Во тетовско Долно Седларце пронајден рачен ракетен фрлач – зоља

МВР денеска соопшти дека вчера околу 10.45 часот во атар на тетовското село Долно Седларце, на место викано „Јаз“, Б.М.(38) од село Долно Седларце пријавил оти во нива пронашол рачен ракетен фрлач-зоља од постаро приоизводство.

Увид на местото извршила екипа од МВР и пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување. Пиротехничарот од ДЗС го подигнал рачниот фрлач за понатамошна постапка.