Бриселските полицајци и цариниците на аеродромот во главниот град на Белгија денеска ќе штрајкуваат, јави БТА.
Незадоволството на државните службеници е поврзано со нивните работни услови.
Полицискиот протест, што ќе трае до сабота, ја загрозува безбедноста на тридневниот состанок на Европскиот совет што почнува вечерва. Средбата ќе продолжи и утре, а в петок ќе прерасне во состанок на ЕУ-Азија, на кој ќе учествуваат 49 шефови на држави и влади со нивните делегации.
На аеродромот, штрајкот започнува ова утро, и не е познато колку долго ќе трае.
МИА