вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Ние ќе направиме се што треба и можеме за да ја зачуваме Македонија

Мене лично ако ме прашате, јас би направил референдум уште пред да се започне самата помисла да се разговара за име. Но веќе е отидено толку далеку и нема национална платформа за вакво нешто. ВМРО-ДПМНЕ е моментално во прогон, изјави Мисајловски.
Мисајловски: Ние ќе направиме се што треба и можеме за да ја зачуваме Македонија

Во гостувањето во Алфаскоп денеска еден од новите потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кажа дека заради ставовите за името денеска партијата е во опозиција, дека секогаш се излегувало во програмата со ставот за името, а тоа референдум.

-Мене лично ако ме прашате, јас би направил референдум уште пред да се започне самата помисла да се разговара за име. Но веќе е отидено толку далеку и нема национална платформа за вакво нешто. ВМРО-ДПМНЕ е моментално во прогон, изјави Мисајловски.

Тој кажа дека власта гледа што повеќе од ВМРО-ДПМНЕ да завршат зад решетки, да не се појавуваат членовите и функционерите по медиумите, да ги нема од јавноста.

Мисајловски напомена дека како власт ВМРО-ДПМНЕ направиле грешки, но поситни, а не стратешки политики на државата.

-Ако ние сите политички партии за некои прашања имаме национален став, па од тоа само ќе добијат сите граѓани, изјави Мисајловски.

Тој напомена дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за Македонија, се разбира демократски.

-Ќе правиме се што треба да ја зачуваме Република Македонија колку што можеме. Народот мора да сфати дека ние сме многу малце во Собрание, за жал многу малку сме, да сме повеќе многу работи нема да бидат вака. Малку кажувам бидејќи дел од нив се во притвор. Кога вие ќе затворите толку пратеници само од ВМРО-ДПМНЕ, тогаш се појавува рефлексија и на другите пратеници, рефлексија на многу семејства, во комитетите. Тие луѓе моментално се во притвор, но горат за Македонија и тоа храбро го доживуваат. Тие се храбри луѓе кои ја сакаат Македонија, изјави Мисајловски.

Тој кажа компромис за името не може да биде ако Македонија пати, а така е во моментов според него. Тој порача дека тие ќе се борат демократски за Македонија и кажа дека ВМРО-ДПМНЕ мора да зајакне како партија за да не се парчоса државата.

Најнови вести