недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Граѓаните се против бугарскиот ултиматум, секогаш може подобар договор, треба да се седне и да се договорат црвени линии

Мисајловски: Граѓаните се против бугарскиот ултиматум, секогаш може подобар договор, треба да се седне и да се договорат црвени линии

Секогаш има можност да се преговара, да се дополни нешто, да се анексира. Може да се менува преговарачка рамка, но прашање е дали има волја. Оваа власт ништо не прави да се смени или да се добие анекс или гаранции. Не се согласувам дека не може ништо да се смени, изјави потпретседателот од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во интервју за Македонско радио.

Тој прашува кој пробал од власта нешто да смени во договорот, затоа што секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ бара гаранции, од власта велат не.

– Зарем не е ова ултиматум? Ни велат мора да го прифатите ова. Некој не приморува да прифатиме. Граѓаните сакаат да сме дел од ЕУ, тоа е факт, но 80% од граѓаните се  против бугарскиот договор. Граѓаните не се согласуваат со ова што владата го прифатила, рече Мисајловски.

Мисајловски додаде дека ќе слушнете од СДС дека морало ова да се направи за Македонија да го продолжи патот, но зошто за Албанија нема вакви услови?

– Од нас бараа да се смени името, знаме, банкноти, територијална поделба во земјата, Охридски договор, стигна барање од Грција, сега барање од Бугарија за  добрососедство кој бара само Македонија да исполнува нешто. И сега имаме уште едно понижување. Сега ќе слушате розови работи дека само уште ова барање. Зарем не се сите изморени од сите лаги, рече Мисајловски.

Тој додаде дека ако Македонците и македонските политички партии имаат искрен однос да обезбедат црвени линии ќе имаме подобра положба и ќе бидеме фактор, мораме да најдеме заеднички јазик и начин и црвени линии.

Најнови вести