Селекторот на ракометната репрезентацијата на Македонија, Раул Гонзалез го објави списокот од 20 ракометари, повикани за претстојниот собир на машката сениорска репрезентација за квалификациските натпревари против репрезентациите на Турција и Грција за ЕП 2020.
Ново име кај „жолто-црвените“ е ракометарот на Еурофарм Работник, Филип Чурлевски, кој ќе го заземе местото на Филип Миркуловски.
Македонија на 25 октомври во Битола ќе ги измери силите со репрезентацијата на Турција, а три дена подоцна ќе гостува кај Грција.
Собирот е закажан за 22 октомври (понеделник) со почеток во 16:30 часот во хотелот Александар Палас во Скопје.