сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мигранти ја пробија оградата на границата со Гватемала

Мигранти ја пробија оградата на границата со Гватемала

Караван со мигранти од централна Америка синоќа ја проби оградата на границата со Гватемала и тргна кон мексиканска територија, соопштија мексикански официјални лица.

Откако преминале на мексиканска страна преку мост, мигрантите се доближиле до полициска единица и 50-на од нив почнале да ги туркаат назад кон Гватемала, пред да употребат солзавец.

Преминот е повторно затворен и претставници на федералната полиција побараа од мигрантите „да престанат со агресијата“.

Мигрантите носеа знамиња на Хондурас и на границата со Мексикопристигнаа во раните утронски часови, барајќи од пограничните власти да ги пуштат. (МИА)