Еден од 15-те Саудијци осомничени за смртта на новинарот Џамал Кашоги, ја носел неговата облека, а го снимиле камерите, објави „Си-ен-ен“ повикувајќи се на турски извори.
Снимките на кои Саудиецот ја носи облеката на новинарот се снимени на денот на неговото убиство, 2 октомври.
На снимките кои ги поседува Си-ен-ен, се гледа како еден човек излегува на задната врата на конзулатот. На себе ги носи алиштата на новинарот, очилата и лажна брада.
Истиот човек е во истата облека, пишуваат турските медиуми, неколку часа подоцна е виден кај светски познатата Сина џамија во Истанбул.
Човекот на снимката е идентификуван како Мустафа ал-Мадани и бил дел од групата за која истражителите се сомневаат дека го извршила убиството на новинарот.