Во Вип базенот при Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје во организација на клубот Бета Шаркс викендот се одржа пливачки митинг на кој настапија пливачи од регионот и пошироко.
На натпреварот учество земаа 372 пливачи од 47 клубови од девет држави и тоа: Македонија, Италија, Бугарија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Словенија и Романија.
Резултатски натпреварот беше еден од најуспешните до сега организирани во Македонија со шест соборени државни рекорди и тоа: Миа Крстевска од ПВК Орион со апсолутен државен рекорд во дисциплината 200м грбно ( 2:17:93 ), Ева Петровска со кадетски државен рекорд во дисциплината 200м делфин (2:22:93 ), Миа Блажевска Еминова со кадетски државен рекорд во дисциплината 100м мешано ( 1:08:09 ) и 200 м мешано ( 2:22:93 ), Стефан Цветковски од Пк Бета Шаркс со државен рекорд во постари пионери во дисциплината 50м делфин ( 27,53 ) и пливачот Андреј Стојановски со државен рекорд во постари пионери во дисциплината 200м градно ( 2:33:68 ) и клубот Пк Бета Шаркс како втор најуспешен клуб на овој силен натпревар веднаш по романска Стеауа како најдобар клуб на натпреварот.
Најуспешни пливачи на натпреварот беа: во машка конкуренција Србинот Андрија Петковиќ и во женска Словенката Тјаша Возел.
Пливачот на ПК Бета Шаркс, Димитар Бошњаков успеа да освои пехар за најуспешен пионер на натпреварот.